Словенците дефинитивно без Доленец на ЕП во Хрватска

Ракометарот на Барселона, Јуре Доленец, нема да биде дел од репрезентацијата на Словенија на Европското првенство во Хрватска. Селекторот Веселин Вујовиќ денеска дозна дека и дефинитивно ќе биде без услугите на десниот бек на Барса, а Словенија на стартот ќе игра токму против Македонија.

Доленец замина на операција на коленото, но се надеваше до последен момент дека сепак ќе биде способен за настап во дресот на словенечкиот национален тим на ЕП. Сепак, денеска и дефинитивно стана јасно дека тој нема да биде дел од шампионатот.

„Првата евалуација по операцијата велеше дека ќе бидат потребни околу три месеци за опоравување, и постоеја надежи дека ќе бидам подготвен за настап. Но, по денешниот последен лекарски преглед, стручњаците од Барселона проценија дека коленото се уште не е во топ форма за да можам да настапам на Европското првенство. Здравствено се чувствувам добро, но преголем ризик е да играм за Словенија на ЕП“, изјави Јуре Доленец.

Се вчитува...