Словенците „газат“: Дончиќ и компанија ги „збришаа“ Јапонците

Ново убедливо издание на Словенија на кошаркарскиот турнир на ЛОИ, триумфирајќи и во второто коло против домаќинот Јапонија со 116-81.

Нова извонредна партија на Словенците кои од стартот се наметнуваат како најсериозни кандидати за финалето на турнирот. Уште во првиот период од играта на денешниот дуел јасно покажаа дека атакуваат на победа и ништо друго.

Од четвртина на четвртина разликата постојано се зголемуваше за на крајот да биде повеќе од убедлива со 35 поени разлика (116-81).

Лука Дончиќ со 25 поени повторно најдобар, дополнети и со по седум скока и асистенции, а 24 поени постигна Зоран Драгиќ. Кај Јапонците Руи Хачимура беше извонреден со 34 поени, но далеку од можност да и помогне на својата селекција да се спаси од пораз.

 

Се вчитува...