Словенците горди: Можеме да се погледнеме во огледало

Селекторот на Словенија, Александар Секулиќ, е горд на тимот и покрај тоа што остана без медал на Олимписките игри во Токио.

Словенците беа поразени од Австралија во борбата за бронза со резултат 107-93 и не успеаја да освојат медал во нивното историско учество на Игрите.

„Горд сум на овој тим. Тешко дека можевме подобро од ова. Момчињата дадоа сe од себе во секој натпревар, беа тука еден за друг, стоеја исправено како тим во тешки и добри моменти. За жал, последните два порази оставаат горчлив вкус во оваа прекрасна бајка. Првпат бевме дел од Игрите, но не успеавме да освоиме медал“, рече Секулиќ.

За потсетување, Словенците се актуелни шампиони на Европа. Лука Дончиќ и компанија ќе ја бранат титулата на Евробаскетот во 2022 година.

 

 

 

Се вчитува...