Словенците со победничка увертира, пак настрада Србија

Репрезентацијата на Словенија имаше победничка увертира во пресрет на почетокот од ЕП 2018, откако избраниците на Веселин Вујовиќ вечерва славеа на последната контрола против селекијата на Србија со убедливи 33-25.

Слично како и на вчерашниот дуел, Словенците повторно стигнаа до победата благодарение на супериорна игра во второто полувреме, откако гостите од Србија по првите 30 минути имаа минимална предност од 14-15. Нашиот прв противник на претстојното ЕП во вториот дел заигра цврсто во одбраната, му дозволи на противникот само десет погодоци и заслужено се радуваше на победата.

Вујовиќ им даде шанса на сите ракометари, а најефикасни беа Јанц и Маргуч со по четири погодоци.

Дуелот меѓу Македонија и Словенија во првото коло од ЕП 2018 ќе се игра в сабота во „Арена“ во Загреб.

Се вчитува...