Случајот на Роналдо за силување и официјално отворен: Му се заканува доживотен затвор!?

Полицијата во Лас Вегас и официјално потврди дека од ова лето повторно е отворен случајот со обвинувањата за силување од 2009 година со кои е поврзан еден од најдобрите светски фудбалери, Кристијано Роналдо.

„Може да потврдиме дека случајот повторно е активиран затоа што делото не застарува. Нашите детективи повторно работат на тој случај, и тоа е се што може да соопштиме во моментов“ – информираа од полицијата на Лас Вегас.

Оваа вест доаѓа по интервјуто кое за германскиот „Шпигел“ го даде поранешната манекенка 34-годишната Кетрин Мајорга која потврди дека во 2009 година Роналдо брутално ја силувал во својот апартман во хотел во Лас Вегас.

„Откако ме силуваше се извини. Клекна и рече дека тој во 99% е добро момче, но не знае за овие 1%“ – изјави Мајорга во интервјуто.

Но, по тоа интервју адвокатите на Роналдо одговорија со тужба против „Шпигел“. Мајорга, пак, во 2010 година прифати од Роналдо 375.000 долари во замена за молчење за целиот случај. Но, по осум години таа сега сака да добие и судска отштета за нападот кој, како што вели, радикално и го променил животот. Вели дека од тогаш се бори со самоубиствени мисли и дека подлегнала на постојано конзумирање алкохол.

Во американската држава Невада нема застарување на дело за силување… Сторителот може да добие и доживотен затвор со можност за излегување на условно само по 10 години робија. Полицијата од Лас Вегас објави дека на 13. април 2009 година излегла на терен по дојава за сексуален напад…

„Тогаш излеговме на терен, истата жртва соопшти дека е сексуално нападната но не го опиша осомничениот. Направен беше лекарски преглед и утврдено дека се работи за силување“ – соопштија од полицијата на Лас Вегас.

Се вчитува...