Случајот „Роналдо“: Зад хаосот стои трансфер кој ќе ја потресе Европа!

Од вчера Кристијано Роналдо повторно е една од главните теми на Островот, а сега клопчето се одмотува. Прво се чинеше дека Јунајтед размислува да го раскине договорот, откако Роналдо постојано одбива да не слуша на тренинзите, а дополнително бил и прв против замислите на Тен Хаг.

Денеска се појави нова вест која одекна од англиските и шпанските медиуми. Атлетико Мадрид прави се за да го доведе Португалецот, а Жорже Мендеш со сите сили помага на клубот да го донесе!

Дополнително оваа вест ја пренесе доверливиот новинар Гиљем Балаг, кој тврди дека ова може да биде објаснување за однесувањето на Роналдо во Манчестер. Тој го дели мислењето дека Роналдо се обидува да го натера Јунајтед да го продаде, но доколку не го стори тоа нема гаранција за следниот клуб кој ќе ги исполни неговите амбиции.

Атлетико Мадрид е прв избор на Португалецот. Од неколку причини – игра во Лигата на шампионите, може да се вклучи во борбата за титулата, а Роналдо може да му се „одмазди“ на Флорентино Перез, кој лесно се откажа од него во 2018 година.

На Роналдо сигурно повеќе му одговара системот на Симеоне дека тимот се повлекува и игра од контра, отколку желбата на Тен Хаг да игра висок пресинг дури и со играчи кои не можат да го направат тоа и мисли дека Јунајтед е Ајакс.

Атлетико мора прво да продаде некои играчи, многумина се согласија да ги намалат платите за да му помогнат на клубот, па сега останува на финализирање на условите меѓу Роналдо и Атлетико.

Се вчитува...