„Смешно е да се критикува Пирло, извинете, но има нешто што се нарекува искуство“

Иако сè уште не е готово, може да се каже дека Јувентус ќе се обиде што побрзо да ја заборави оваа сезона. По многу години „Старата дама“ ќе остане без титулата италијански шампион, а трофејот во Лигата на шампионите сепак ќе остане само сон за тимот од Торино.

Многумина го обвинуваат Пирло за лошите резултати, кој беше избран за тренер на почетокот на сезоната, и покрај фактот дека нема тренерско искуство. Токму оние кои го одобрија ваквиот потег на раководството на Јувентус денес се најголемите критичари на Пирло, а оваа ситуација ја коментираше и поранешниот француски репрезентативец и играч на „Старата дама“, Лилијан Турам.

“Мислам дека критиката кон Пирло е смешна. Верувам дека тој ќе биде одличен тренер, но му треба време. Не можете да станете одличен фудбалер со излегување на фудбалски терен за прв пат. Истото важи и за работата на готвач или новинар. За сето тоа е потребно време”, рече Турам.

Лилијан е сигурен дека никој не очекуваше Пирло да стане одличен тренер во првата сезона, и дека не може да се очекуваат резултати од него како од тренер со големо искуство.

“Затоа и се смеам кога луѓето го критикуваат Пирло. Извинете, но има нешто што се нарекува искуство. Пирло е ангажиран во ова, но од него не може да се бара сега да знае сè”, изјави поранешниот француски репрезентативец.

Се вчитува...