„Смешно е на Меси да му ја дадете Златната топка, кога Халанд цела година беше подобар од него“

Доделувањето на Златната топка на Лео Меси по рекорден осми пат предизвика бурни реакции во фудбалската јавост, пред се поради просечната сезона што аргентинскиот ас ја имаше на клупски план.

Јасно е дека Меси дојде до големото признание благодарение на освоениот мундијал со Аргентина, но кај голем дел од критичарите владее ставот дека наградата треба да замине кај некој што бил константен цела година, а не само на еден турнир. Меѓу најгласните е германската фудбалска легенда Лотар Матеус, според кого ова признание мораше да заврши во рацете на Ерлинг Халанд.

„Смешно е да му ја дадете Златната топка на Лесо Меси кога Халанд цела годинa беше подобар од него. Јас цел живот сум голем фан на Лео, но ова е фарса, тој не ја заслужува оваа награда, само се докажа дека Светското првенство кое трае триесетина дена се вреднува повеќе од работата низ целата година. За мене, никој не беше подобар од Халанд, кој освои се што можеше да се освои со Манчестер Сити, притоа уривајќи неколку рекорди за бројот на постигнати голови“, изјави Матеус.

За потсетување, Халанд ги освои пехарите во Лигата на Шампионите, ПРемиер-лигата и во ФА Купот на Англија, притоа постигнувајќи 52 гола и девет асистенции. Меси од друга страна ги освои лигата на Франција и Суперкупот во оваа земја, постигнувајќи 21 гол и 20 асистенции во сите натпреварувања во дресот на ПСЖ.

Пресуден сепак беше блесокот на Аргентинецот на СП во Катар, каде тој со седум гола и три асистенции ги предводеше „гаучосите“ до големиот пехар.

Се вчитува...