Смит по трипл-дабл учинокот: Не знаев за Македонија, но среќен сум што сум тука

Кошаркарот на Академија ФМП, Мек Смит продолжи со одличните настапи во македонското првенство и во 9. коло во кое ги предводеше „академиците“ до важна победа на гостувањето во Куманово забележувајќи трипл-дабл учинок од 26 поени, 11 скока и 10 асистенции.

Тоа е само втор трипл-дабл учинок на интернационалец во Првата кошаркарска лига по Ијасу Ворку кој испиша историја во ланската сезона.

Дваесетипетгодишниот бек не го криеше задоволството од учинокот, но додаде тоа е тимска победа. Пред доаѓањето во Македонија нема слушнато за нашата држава, но среќен е што е тука.

„Тоа беше одлична тимска победа и без соиграчите нема да можев да постигнам таков учинок. Имаме уште многу пред нас и сега важен ни е само следниот натпревар“, изјави за ЕКИПА, Американецот кој се осврна и кон првото искуство во професионалната кошарка.

Немав слушнато за Македонија, но среќен сум што сум тука. Уште се привикнувам на првото искуство во професионалната кошарка, но уживам играјќи и го живеам моментот. Тимот одлично ме прифати, постојано прашува дали ми треба нешто. Едноставно ме прифатија во нивната фамилија со отворени раце“.

Се вчитува...