Смолинг: Меси знае дека не го удрив намерно

Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Крис Смолинг вели дека не постои омраза меѓу него и Лионел Меси по натпреварот меѓу Манчестер јунајтед и Барселона. По дуелот меѓу двајцата фудбалери во првото полувреме од четвртфиналето од Лигата на шампионите, Меси заврши со раскрварен нос, а тренерот на Каталонците Ернесто Валверде изјави дека Аргентинецот поради повредата, не можел да игра на високо ниво.

„Разговаравме кога заврши натпреварот. Се ракувавме. Меси знае дека не го удрив намерно. Тоа беше несреќен случај. Добро е што и покрај борбата која се води на теренот, надвор од него има почитување. На крајот на краиштата сите се трудиме да бидеме најдобри што можеме“ – изјави Смолинг. 

Барселона натпреварот на „Олд трафорд“ го доби со минимални 0-1, благодарејќи на автоголот на Лук Шо. Реванш дуелот од четвртфиналето се игра на 16. април на „Камп ноу“.

Се вчитува...