Смртни закани за кошаркар на ЦСКА Москва

Поразот од ЦСКА Москва тешко им падна на навивачите на Фенербахче, откако денеска беше обелоденето дека Вил Клибурн добил смртни закани по синоќешната победа на големото дерби. Американецот беше најефикасен во таборот на ЦСКА со 16 постигнати поени, по што на профилот на неговата сопруга на социјалните мрежи пристигна заканувачка порака.

Пренеси му на твојот сопруг дека ќе биде убиен за три дена. Со сета должна почит, семејство Чакирбејли. Да, во Русија сме и веќе тргнавме по него. Ти и твоето семејство ќе бидете сигурни, но на Клибурн не му останува уште многу од животот“ – стои во пораката.

Клибурн самиот ја сподели заканата на твитер-профилот, јавно барајќи од Евролигата и од Фенербахче да реагираат за непријатната ситуација.

Се вчитува...