Смртта на Сала се води како убиство: Уапсено едно лице

Британската полиција соопшти денеска дека е уапсено едно лице осомничено за убиство поврзано со авионската несреќа во која загина аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала во јануари оваа година.

По разделбата со Нант, Сала со мал авион леташе од западна Франција до Кардиф, во својот нов клуб,  но авионот „Пајпер Малибу“ се урна во Ла Манш.

„Уапсивме едно лице на возраст од 64 години од областа Северен Јокшир под сомневање за убиство со незаконско дело. Лицето кое се согласи на соработка со полицијата е пуштено од притвор но секако и понатаму е под истрага“ – соопштија од британската полиција.

Засега единствено уште не е пронајдено телото на пилотот на авионот, Дејвид Иботсон кој според британските медиуми направил се да го спречи падот на авионот.

Се вчитува...