Снајдер кажа ’збогум’, сега ќе ја гледа Холандија на телевизија (ФОТО)

Холандскиот фудбалер Весли Снајдер ја заврши репрезентативната кариера, играјќи за последен пат во националниот тим на „лалињата“ на пријателскиот меч против Перу (2-1). Тој одигра 62 минути, а потоа со своето семејство седна на софа среде „Амстердам Арена“, и гледаше фудбал на телевизија, истакнувајќи дека отсега ќе биде еден од најголемите навивачи на холандската селекција.

Снајдер 134 пати го носеше дресот на Холандија, постигна 31 гол и цели 15 години беше дел од репрезентацијата, откако дебитираше во април 2003 година. Посебно признание доби и од претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој беше почесен гостин на неговото збогување од националниот тим. На крајот, заврши и на рацете на своите соиграчи.

Се вчитува...