Снајдер: Роналдо не може сам, Јуве нема да биде шампион на Европа

Поранешниот фудбалер на Интер, Весли Снајдер смета дека Јувентус не може да ја освои Лигата на шампионите.

Јуве се засили со Кристијано Роналдо, а кога го имате Португалецот по автоматизам сте и фаворит за титули, но Холанѓанецот смета дека Роналдо не може се сам…

„Мислам дека Јуве нема шанса да биде шампион на Европа. Не се работи само за еден фудбалер. Јувентус секако е одличен во ЛШ последните години, но не може се да промени само една личност. Има посилни тимови од Јуве во Европа“ – вели Снајдер и дополнува:

„Што се однесува до Роналдо, тој е голем фудбалер, професионалец и затоа сигурен сум дека брзо ќе се прилагоди на италијанскиот фудбал. Тој секако ќе успее во Италија, но за ЛШ треба многу повеќе“.

Се вчитува...