Снајдер се сели во „градот на ангелите“

Фудбалерот на Ница, Весли Снајдер кариерата ќе ја продолжи во тимот на Лос Анџелес галакси, најавува францускиот медиум „Л’екип“. 33-годишниот Холанѓанец не се снајде во редовите на францускиот прволигаш, па одлучи да ја прекине соработката и да се пресели во МЛС лигата.

За шест месеци Снајдер настапи на само осум натпревари за Ница, пет во француското првенство и два во Лигата на Европа, на кои не забележа ниту погодок и само една асистенција.

Рекордерот (133) по број на настапи за холандската репрезентација, Снајдер ќе заигра за шестиот клуб во неговата кариера, откако претходно ги бранеше боите на Ајакс, Реал Мадрид, Интер, Галатасарај и Ница.

Се вчитува...