Со бркањето менаџери, Абрамович прави големи загуби во Челси

Сопственикот на Челси, Роман Абрамович вложил 290 милиони евра во клубот , а е во загуба од над 113 милиони евра. Ова е се официјалните пресемтки на клубот за 2018-19. Челси платил на Конте кој доби отказ и на неговите соработници 30 милиони евра. Во периодот од кога Абрамович е на чело на клубот, за избрканите тренери Челси има платено 105 милиони евра.

Антонио Конте го предводеше Челси до шампионската титула во 2017 година, а беше отпуштен иако имаше уште 12 месеци од договорот. Сините не се квлафикуваа за Лигата на шампионите, но со него ја освија титулата во ФА купот. Конте беше заменет со Маурицио Сари кој си замина од клубот по само една одработена од тригодишниот договор.

Клубот инвестирал 329 милиони евра во играчкиот кадар во 2018/19 кога ги купи Кепа Аризабалага, Кристијан Пулишиќ, Матео Ковачиќ и Жоргињо.

 

 

 

 

Се вчитува...