Барселона стигна до првата гостинска победа сезонава со триумфот на „жешкиот“ терен кај Вилјареал. Се гледа дека со Чави веднаш е поинаку, и на крајот славје од 1:3, а во листата на стрелците се запишаа Де Јонг, Депај и Кутињо.
И двата тима одиграа интересен прв дел во кој недостасуваа само головите. Имаа шанси и едните и другите, но не успеаја да го најдат патот до мрежата.
Во вториот дел, во 48. минута Де Јонг постигна лесен гол, откако погоди во празниот гол по одбиена топка од голманот Рули. Во прв момент беше досуден офсајд, но по сугестија од ВАР собата, голот беше признат.
Сепак, Вилјареал се врати и во 76. минута погоди Чукуезе. И не само тоа, Виљареал дури и напаѓаше за пресврт, но во миговите кога се Бранеше, Барса успеа да постигне гол, а потоа и трет. Депај откако ја мина целата одбрана и голманот Рули, стрелаше во мрежата за 1-2.
Длабоко во судиското надополнување беше досуден пенал кој го изнуди и изведе Кутињо, погодувајќи за 1-3, што беше и конечен резултат.
Memphis Depay, 2-1 pour le Barça !pic.twitter.com/mSXeUNGfcI
— Ballon Rond (@ballonrondfc) November 27, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА