„Со Ирвинг може да ја освоиме шампионската титула“

Бруклин ја исполни желбата на Кајри Ирвинг за трејд со кој се пресели во Далас каде ќе игра рамо до рамо со Лука Дончиќ. Со шампионот од 2016 година во иста насока тргна и Маркиф Морис, додека Маверикс во спротивен правец ги испрати Форијан Фини-Смит, Спенсер Данвиди и неколку избори од првата и втората рунда од драфтот во 2027 и 2029 година.

Тренерот на Далас, Џејсон Кид не ги криеше импресиите од трејдот и смета дека Кајри Ирвинг е засилување со кое Далас ќе тргне во поход кон нова титула.

„Лесно е да гледате на работите со негативност, но ајде да гледаме на позитивните работи и што тој има направено на теренот и надвор од него. Ние пристапуваме на тој начин. Кајри игра кошарка, сака да победува и сака да тренира, ова е голема можност за мене да имаме некој таков кој може да помогне. Неговиот талент и способности ќе не направат подобри. Неговото доаѓање тука не носи во позиција во којa можеме да ја освоиме титулата“, изјави Кид.

Се вчитува...