Со иста мера, во ист стил – Шкендија со вкупно 7-0 против Дачија во 2.коло од ЛЕ! (ВИДЕО)

Поубедливо и од првиот натпревар во Струмица, тетовска Шкендија славејќи со 0-4 (0-2) на реванш дуелот против молдавска Дачија со вкупни 7-0 се пласираше во 2. квалификациско коло за Лигата на Европа.

Избраниците на Ќатип Османи уште во првото полувреме си го обезбедија патот кон втората рунда натпревари на европската сцена. По доминацијата на стартот од дуелот, првиот погодок следеше преку Арменд Алими во 32. минута од средбата…

Во 44. минута и бразилскиот интернационалец Жуниор се запиша во листата на стрелците за веќе трасирање на патот кон втората рунда натпревари од квалификациите за ЛЕ.

Во второто полувреме, фудбалерите на Шкендија само рутински одржуваа контрола на играта, без многу напор доаѓајќи до 0-4. Најпрво во 81. минута Зејнулаи зголеми на 0-3…

А, потоа во самиот финиш во 89. минута и капитенот Ферхан Хасани од пенал постави конечни 0-4.

ЛИГА ЕВРОПА – 1. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО (реванш меч)

ДАЧИЈА (МОЛ) – ШКЕНДИЈА 0-4 (0-2)

Стадион „Спеиа“ во Кишињев: Гледачи: 2.000. Главен судија: Петар Кралович (Словачка). Стрелци: Алими 32′, Жуниор 44′, Зејнулаи 81′, Хасани 89′(п) (Ш). Ж. картони: Пашчоник, Адроник (Д), Алими, Радески (Ш). Ц. картони: Адроник 37′ (Д).

ДАЧИЈА: Раилеан, Пашченко, Пуношевац (73′ Чојоцару), Андроник, Бејан (57′ Марандичи), Сеоане (57′ Илеску), Гавриленко, Фортес, Мамах, Драшковиќ, Јалба

Тренер: Виорен Фрунца

ШКЕНДИЈА: Захов, Тодоровски, Бејтулаи, Цуцули, Мурати, Вујчиќ, Алими, Хасани, Жуниор (Зејнулаи 75′), Радески (69′ Теќа), Ибраими

Тренер: Ќатип Османи

Се вчитува...