Со крајни маки до победа, Сити едвај го скрши отпорот на Евертон (ВИДЕО)

Манчестер Сити со крајни маки успеа да дојде до минимална победа над Евретон од 0-1, во рамки на 27. коло од Премиер-лига.

Евертон му приреди вистински „пекол“ на Манчестер Сити, па лидерот на табелата никако не можеше да ја покаже својата доминација во првото полувреме. На пауза се замина со 0-0.

Одлучувачки беше вториот дел. На гостите им требаше повеќе од 82. минути игра за да ја затресат мрежата на противникот, а херојот на Сити е младиот Фил Фоден. Евертон притискаше до крајот на мечот, но не успеа да го најде вистинскиот пат до голот на Сити.

По поразот од Тотенхем, Сити се враќа на победите во Премиер-лигата, Евертон по овој натпревар го запиша вториот пораз во низа.

 

 

https://playergg.com/uploaded/1645902578.mp4#t=0.1

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

 

Се вчитува...