Со неколку измени на Азербејџан: Шишковски на гол, Дориев во првите 11… (ФОТО)

Дамјан Шишковски е меѓу диреците на македонската репрезентација за денешниот дуел против Азербејџан кој почнува во 14:00 часот. Благоја Милевски се одлучи за неколку измени, па така на местото на Алиоски, ќе игра Ашковски.

Серафимов и Муслиу остануваат во одбранбениот ред, а Ристовски по десната страна.

Барди, Давид Бабунски и Николов во средниот ред, а во нападот шанса добива Дориев на десно, Несторовски како најистурен во нападот, и Елмас на левата страна.

Интересно е тоа што на клупата за резерви фигурира и Миовски, за кого вчера имаше информација дека поради болест нема да биде во комбинација.

Се вчитува...