Со поддршка од Mozzart, младите атлетичари од АК Делта на подготовки во Белград

АК Делта успешно ги комплетираше двонеделните подготовки во атлетската сала во Белград.

Најдобрите младинци на клубот настапија на отвореното првенство во Белград каде ги подобрија своите лични резултати.

Региналниот лидер во приредување игри на среќа, секогаш дава поддршка на младите талентирани спортисти.

АК Делта во последните четири години е прогласен за најдобар атлетски клуб во Македонија во севкупна категорија, а исто така и во индивидуална, што беше дополнителен мотив на компанијата Mozzart да ги поддржи младите таленти на нивниот пат до успехот.

„Големо е задоволството кога гледаме дека поддршката која ја даваме на младите спортисти ќе вроди со плод. Атлетичарите од АК Делта со помош на Mozzart продолжуваат да редат успеси, кои ние будно ќе ги следиме во текот на целата година”, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.

Следуваат настапи на балкански првенства, каде Mozzart и АК Делта заедно ќе трчаат први до целта.

Се вчитува...