Со тренерот на Денвер, Србија ќе брка Олимписки игри

Тренерот на Денвер за кој настапува Никола Јокиќ, Мајк Мелоун ќе биде дел од стручниот тим на српската кошаркарска репрезентација на олимпискиот квалификациски турнир за игрите во Токио потврди федерацијата на Србија.

По завршувањето на плеј-офот, Мелоун ќе биде заедно со Игор Кокошков како помош во обидот на селекцијата да обезбеди учество на Игрите претстојново лето. Турнирот ќе биде одржан во Белград, а противници на Србија се Доминиканска Република и Нов Зеланд. Само победникот на турнирот оди на Олимписките игри.

 

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...