Соиграч на Алиоски пред жестока казна за расизам

Чуварот на мрежата на Лидс, Кико Касилја, ќе биде жестоко казнет од ФА откако дисциплинската постапка потврди дека тој навистина по расистичка основа го навредувал фудбалерот на Чарлтон, Џонатан Леко. Соиграчот на нашиот репрезентативец Езгијан Алиоски беше обвинет за расизам, тој ги демантираше обвинувањата, но во меѓувреме биле собрани докази со кои 33-годишниот Кико Касилја ќе биде жестоко казнет.

Со оглед на сериозната битка што англиските фудбалски власти ја водат против оваа појава во спортот, предвидено е првиот голман на Лидс да биде суспендиран меѓу осум и дванаесет натпревари. ФА ќе ја објави казната најдоцна до среда, а таа најверојатно ќе значи дека Шпанецот нема да може да настапува за Лидс до крајот на 2019 година.

Ова сигурно ќе биде огромен проблем за Марсело Биелса, на чие инсистирање Касилја беше доведен во Лидс. Тимот на Алиоски моментно се наоѓа на третото место во Чемпионшип-дивизијата, со два бода заостанување зад лидерот ВБА.

Се вчитува...