Соиграч на Барди нема да игра со Атлетик Билбао, мора да биде на гласачки кутии

Голманот на Леванте, Аитор Фернандез, нема да може да му помогне на тимот на утрешниот натпревар против Атлетик Билбао. Причината е неверојатна, тој доби задолжение да надгледува гласачки кутии во родниот град Мондрагон за време на изборите кои ќе бидат организирани утре. Првиот чувар на мрежата на Леванте е одреден да биде заменик претседател на едно избирачко место, а неговиот тим истиот ден треба да одигра натпревар против Атлетик Билбао.

Клубот се обиде да издејствува Фернандез да биде ослободен од граѓанската должност, но нивното барање е одбиено. Ова ќе биде голем хендикеп за тренерот Пако Лопез кој има и неколку повредени фудбалери. Во минатото коло Леванте на домашен терен славеше против Барселона и сака да ја продолжи позитивната низа и на гостувањето во Билбао.

Се вчитува...