Соиграч на Дончиќ мораше да го брани пред новинарите од нападите на својот татко!

Лука Дончиќ и Далас ја прекинаа низата од три порази со победата над Сакраменто. Кајри Ирвинг и Дончиќ го водеа тимот до победата, и тоа како важна во битката за плеј-оф.

Тим Хардавеј Јуниор придонесе со 24 поени и пет тројки од осум обиди, и покрај тоа што пред мечот беше оптоварен со непотребни вознемирувања од изјавите на неговиот татко, истоимената поранешна ѕвезда на БА, кој жестоко ги критикуваше Дончиќ и Ирвинг поради разочарувачката сезона на Далас.

„Не им требаше тој трејд, не треба да се поправа нешто што не е расипано“ – изјави за доаѓањето на Ирвинг, Тим Хардавеј постариот, кој во 14 години во НБА петпати беше Олстар играч како член на Голден стејт и на Мајами, а една сезона мина и во Далас.

„Им недостасува лидер. Лука не е лидер. Кајри не е лидер, Брансон беше лидер“ – се потсетува Тим Хардавеј постариот за минатогодишниот играч на Далас кој изминатото лето како слооден играч се пресели во Њујорк. „Лидерот покажува пример за другите со игра во одбрана. Кога нешто нема да каже, тој само ќе направи на терен, тоа е лидер. А тие двајца не се лидери, туку само доминантни играчи и стрелци“.

Но, неговиот истоимен син, кој во Далас игра веќе четири години, веднаш по синоќешниот меч ги бараше новинарите како би ја спасил ситуацијата и рече дека „1000% не се согласува со неговиот татко“.

„Многу пати претходно сум кажал колку лидерство покажа Лука откако сум јас тука. Го покажува тоа на терен и надвор од него, а Кајри со доаѓање навистина позитивно се наметна. Така да, тешко ми е да се носам со тоа што го кажа татко ми, и разочаран сум што мора тука да се појавувам и да го кажувам ова. Го сакам до гроба, но погреши, тоа е негово мислење, не мое. Ние сме многу различни“ – изјави Тим Хардавеј Јуниор.

Се вчитува...