„Соколите“ лесно го прелетаа Пелистер

Кошаркарите на Карпош соколи славеа лесна победа од 102-73 против Пелистер во пресметката од 6. коло во Првата македонска кошаркарска лига.

„Соколите“ уште од самиот старт наметнаа ритам за победа јасно навестувајќи дека не планираат никакво изненадување. Уште по првото полувреме домашните се стекнаа со предност од 25 поени (58-33).

Во вториот дел само рутински се одржуваше предноста за конечен триумф од 102-73.

Најефикасен во победата на Карпош Соколи беше Ѓуроски со 21 поен, а Дарко Соколов мечот го заврши со 17 поени, 4 скока и 4 асистенции. 14 поени запиша Николовски а со 12 поени заврши Лабовиќ.

Се вчитува...