Соколов: Тешка сезона со среќен крај, никогаш не престанавме да се бориме за Гостивар

Гостивар имаше тешка сезона во Првата македонска кошаркарска лига и до последниот натпревар стравуваше за место во елитниот ранг кој го загарантира со триумф на гостувањето кај Вардар во драматична завршница.

По крајот на сезоната на социјалните мрежи се огласи најискусниот кошаркар во составот, Дарко Соколов кој испрати емотивна порака до гостиварци.

„Сезоната број 24 за мене заврши. Тешка, мачна, турболентна, но на крај со среќен крај. Жал ми е што повеќе ги разочаравме од што ги радувавме гостиварци, но таков е спортот. Некогаш се победува, некогаш се губи. Во ниеден момент не престанавме да се бориме за клубот, со што и некоја виша сила не награди со опстанок во лигата. Бидете живи, здрави, среќни. Се гледаме на кошаркарските терени следната сезона пак“, стои во објавата на Соколов.

Се вчитува...