Солари е на готовс, Лопетеги ги брои последните денови во Реал

Поголем дел од фудбалерите на Реал Мадрид предводени од Серхио Рамос и Марсело денеска јавно му дадоа поддршка на Хулен Лопетеги, но тоа нема да го спаси овој стратег од отказ од клупата на актуелниот европски шампион. Весникот „Марка“ тврди дека таа одлука е веќе донесена, а најверојатно ќе биде обелоденета во текот на утрешниот ден, при што Флорентино Перез го избрал и новиот стратег.

Станува збор за поранешниот фудбалер на Реал, Сантијаго Солари, кој работи во младинската школа на клубот, а сега ќе добие краток период за докажување на сениорски план. Иако претходно се споменуваше името на Антонио Конте, според „Марка“ избоот на Перез паднал врз Солари, како човек максимално запознаен со начинот на функционирање на најтрофејниот европски клуб, претходно како играч, сега како тренер во младинската екипа, а од утре најверојатно и како шеф на стручниот штаб на првиот тим на Реал.

Реал Мадрид во вторник го пречекува Плзен во третото коло од ЛШ, па идејата на „кралевите“ е Солари утре да одржи барем еден тренинг со фудбалерите во пресрет на тој натпревар. Останува да се види дали оваа информација ќе се официјализира во наредните 24 часа, или Флорентино ќе почека до завршувањето на дуелот со Плзен пред да повлече конкретен потег, во пресрет на Ел Класико.

Се вчитува...