Солскјер: Далеку сме од најдобрите екипи

Манчестер Јунајтед забележа нов пораз во Премиер лигата. Овојпат го загуби градското дерби од Сити на домашен терен од 0:2.

Навивачите на Јунајтед бараа оставка од Оле Гунар Солксјер, но очигледно дека до неа нема да дојде. Ако се суди според изјавата на менаџерот на „црвените“ од Манчестер по мечот.

Јунајтед одигра уште еден слаб натпревар. Само еден удар кон голот, еден корнер и без сериозни шанси. Само неколку повремени напади, и тоа беше се.

„Моментално сме далеку од најдобрите екипи. Очекувањата до мене и од играчите се високи, и мораме да се вратиме во формата во која бевме порано. Имаме играчи за врв“, рече Солскјер.

За заминување не размислува…

„Не размислувам за такво нешто. Односите со клубот се добри и искрени. Работам за Јунајтед, го сакам најдоброто за клубот и сакам тука да донесам напредок“, рече Солскјер.

Се вчитува...