Солскјер до играчите: Ќе добијам отказ ако загубиме од Тотенхем

Манчестер Јунајтед утре ќе го пречека Тотенхем предводен од Жозе Мурињо, меч што многу лесно би можел да биде последен за Оле Гунар Солскјер на клупата на „црвените ѓаволи“. По нерешените исходи на последните две средби со Шефилд Јунајтед и со Астон Вила, норвешкиот стратег повторно се соочува со притисок, и тоа пред двата дерби-дуели во серија, против Тотенхем и Манчестер Сити.

Ако не стигнеме до резултатот што го посакуваме, ќе добијам отказ“ – им соопштил Солскјер на фудбалерите на „црвените ѓаволи“ во обид да ги мотивира.

Британските медиуми тврдат дека челниците на Јунајтед сериозно размислуваат за смена откако достапен за ангажман стана Маурицио Покетино, стратег што се обидуваа да го доведат на „Олд Трафорд“ додека седеше на клупата на Тотенхем. Аргентинецот е идеален кандидат за предводник на најтрофејниот англиски клуб според директор Ед Вудворд, што дефинитивно е лоша вест за Солскјер.

Норвежанецот ги троши последните кредити, медиумите пресметаа дека освоил помалку бодови од Жозе Мурињо кога Португалецот лани доби отказ, а сега може да се случи токму дуелот со „специјалниот“ да биде последен за него како стратег на Јунајтед.

Се вчитува...