Ова се трите меча на кои Солскјер не смее да се „лизне“

Оле Гунар Солскјер доби уште една шанса, па челниците на „црвените ѓаволи“ му доделија последните три натпревари за да си го спаси менаџерското место. Норвежанецот ќе мора да слави на наредниот премиерлигашки меч со Тотенхем, по што ќе биде на испит и на дуелите со Аталанта во ЛШ и со Манчестер Сити во Премиер-лигата, дуели на кои не смее да потфрли доколку сака да остане на чело на најтрофејниот англиски клуб.

Според „Телеграф“, став на највисокото раководство на клубот замената на Солскјер не е неизбежна. Меѓутоа, доколку резултатите на тимот продолжат да се влошуваат, Норвежанецот ќе биде отпуштен.

Всушност, Јунајтед веќе почна да бара нов тренер во случај на отказ на Солскјер. Дел од причините за доцнењето на одлуката за оставка е да се даде повеќе време за преговори со кандидатите. Беше објавено дека Манчестер Јунајтед е подготвен да го назначи Антонио Конте за главен тренер, а блиските луѓе на Конте потврдуваат дека Антонио е подготвен да го прифати овој предизвик.

Се вчитува...