Солскјер добива 250 милиони фунти, прва желба – Де Лихт

Оле Гунар Солскјер ќе добие 250 милиони фунти за трансфери, како би го вратил Манчестер Јунајтед на старите шампионски патеки. По поразот од Барселона во четвртфиналето во Лигата на шампионите, Норвежанецот на раководството на тимот од „Олд Трафорд“ му соопштил дека му се потребни четири засилувања како тимот би бил конкурентен за освојување на сите трофеи.

Англиското трио Џејдон Санчо, Калум Хадсон-Одои и Арон Ван-Бисака се примарни цели на Солскјер, а Јунајтед влегува во игра и за ѕвездата на Ајакс, Матијс де Лихт. Од клубот најверојатно ќе заминат Антонио Валенсија, Матео Дармиан, Маркос Рохо, Андер Ерера, Хуан Мата и Алексис Санчез, како би се отворил простор за носење на нови играчи кои треба да донесат квалитет во тимот.

Манчестер Јунајтед во ерата по Сер Алекс Фергусон за трансфери потроши 750 милиони фунти, а успеа да се радува само на трофеи во Лигата на Европа и во ФА купот.

Се вчитува...