Солскјер добива отказ уште пред викендот?

Оле Гунар Солскјер набрзо може да го напушти кормилото на тимот од „Олд Трафорд“ бидејќи челниците на „црвените ѓаволи“ не се задоволни како се одвиваат работите.

Според „Manchester Evening News“, деновите на актуелниот тренер на „црвените ѓаволи“ веќе му се избројани. Фудбалерите на Јунајтед на вчерашното дерби во Премиер–лигата доживеаја тежок пораз на домашен терен од Ливерпул со 5-0. Во исто време, еден од директорите – Ричард Арнолд, ги откажа сите работни состаноци закажани за денеска само за да реализира средба со Џоел Глејзер, еден од сопствениците на англискиот состав.

Денеска фудбалерите имаат одмор а од утре се враќаат на тренинзи пред саботниот меч со Тотенхем кој може да биде и последен за норвешкиот тренер на клупата на Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...