Солскјер достави список од четири фудбалери кои сака да ги доведе во Манчестер

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер достави список до Ед Вудворд од четворица млади фудбалери кои се негова желба летово да преминат во редовите на тимот од „Олд трафорд“.

Првиот на листата е Дание Џејмс од Свонси, кој е веќе договорен, но се чека само да се договорат личните услови со „црвените-ѓаволи“. Вториот на листата е фудбалерот на Њукасл Шон Лонгстаф, кој сезонава имаше 11 натпревари за првиот тим, пред да заработи повреда лигаментите на коленото.

Следен на листата 18-годишниот Бен Годфри од Норич, кој сезонава во Чемпионшип на 46. натпревари постигна 31. гол и беше еден од најзаслужните за враќањето на „канаринците“ во Премиер-лигата. Последен на листата на Солскјер е Нејтан Колинс од Стоук, кој исто така имаше забележителна улога во Чемпионшип лигата.

Се вчитува...