Оле Гунар Солскјер имаше причина за незадоволство откако Манчестер Јунајтед беше шокиран на домашен терен од Шефилд, губејќи со 1-2 и прекинувајќи ја серијата од 13 натпревари без пораз во Премиер-лигата. Норвешкиот стручњак признава дека неговиот тим одиграл далеку под своите можности, но потенцираше и две судиски одлуки како клучни за конечниот исход на мечот.
Првата се однесува на водечкиот гол на Шефилд, кога Били Шарп има контакт со голманот Де Хеа што судиите не го санкционираат. Втората, според Солскјер е поништениот гол на Марсијал поради сличен контакт на Мегваер со голманот на Шефилд.
„Првиот гол беше чист фаул. Били Шарп натрчува на Де Хеа, има контакт и нашиот голман не може да скокне по топката. На другата страна, немаше прекршок при оној поништен гол на Марсија. Две грешки на судиите,но арбитражата е неконстантна цела сезона. Факт е дека и ние не беевме оние вистинските, имавме посед на топката, но ни недостигаше малку „магија“, да креираме шанси и да постигнуваме голови. Без оглед на се, на овој пораз на треба да се гледа како на нешто страшно, цела сезона сме сведоци на чудни резултати, ние бевме најконстантниот тим и логично беше и нас да ни се случи лош ден“, истакна Солскјер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА