Солскјер: Елиминацијата боли, но не можам да им замерам на играчите

Манчестер Јунајтед по само три дена откако забележа премиерлигашка победа од 2-1 над Вест Хем Јунајтед во Лондон, беше елиминиран од истиот противник во Лига Купот. Клубот од главниот град на Англија славеше со 1-0, а херјот на „чекичарите“ е Мануел Ланзини кој стралаше во деветата минута.

По натпреварот тренерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер воопшто не беше задоволен од прикажаното на неговиот тим.

„Повторно изгледавме лошо на отварањето на мечот и тоа мора да го решиме. Почнавме да играме откако примивме гол. Статистиката ништо не значи кога не постигнувате погодоци. Имавме 27 обиди без успех. Не сакам да барам алиби, но имаше пенал над Џеси Лингард. Секако дека сакавме да поминеме во следната рунда, но тоа е. Пред нас е долга сезона со многу натпревари. Не можам да им замерам на играчите. Не е добро кога сте елиминирани, а веќе во сабота не очекува битен натпревар против Астон Вила“, изјави Солскјер.

Се вчитува...