Солскјер фати сеир: Среќа што не беше тука Мурињо, да ги мери головите

Оле Гунар Солскјер е свесен колкава среќа имаше неговиот тим во триумфот над Брајтон, а норвешкиот стручњак по мечот успеа и да му фати сеир на Жозе Мурињо, поради мерењето на димензиите на голот на последниот меч со Шкендија. Јунајтед славеше со гол од пенал во 100. минута, но Брајтон во текот на мечот дури пет пати шутираше во рамките на голот на Де Хеа.

„Пред се, би рекол дека имавме многу среќа што денеска не беше тука Мурињо. Ако ги измереше головите, ќе имавме сериозни проблеми“, се пошегува Солскјер со својот претходник на клупата на „црвените „ѓаволи“.

Потоа, стратегот на Јунајтед продолжи и со посериозна анализа на натпреварот, свесен дека неговиот тим мора да игра многу подобро ако сака да се вмеша во борбата за највисок пласман.

„Имавме среќа. Можеби заслуживме реми, никако повеќе од тоа. Сепак, успеавме да стигнеме до триумф. Лани имавме многу нерешени натпревари, така што ова е голем плус за нас. Се уште не сме на посакуваното ниво, особено кога напаѓаме, пред нас е многу работи“, истакна Оле Гунар Солскјер.

Се вчитува...