Солскјер: Фудбалерите мора да сфатат дека го носат дресот на Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед доживеа непријатен пораз (0-2) од Барнли на „Олд Трафорд“ и направи чекор назад во обидот да фати приклучок со тимовите кои се борат за место во Лигата на шампионите. Менаџерот Оле Гунар Солскјер вели дека фудбалерите мора да сфатат дека имаат голема одговорност со оглед дека го носат дресот на клубот од „Олд Трафорд“.

„Не можам да замерам на залагањето и желбата, но фудбалерите треба да сфатат дека го носат дресот на Манчестер Јунајтед. Во овој клуб отсекогаш владеел победнички дух. И мора да го негуваме. Мора сите ние да го извлечеме максимумот на секој натпревар. Не можеме да ги кренеме рацете. Да, разочарани сме, сакаме многу повеќе и мора да се трудиме тоа да го постигнеме. Сите гледаат дека овие играчи чувствуваат и замор, работиме на неколку засилувања“, изјави Оле Гунар Солскјер.

Манчестер Јунајтед се наоѓа на петтата позиција на табелата со 34 бода, шест помалку од четвртопласираниот Челси.

Се вчитува...