Солскјер го боцна Ливерпул: Јунајтед ќе се врати, ама нас нема да ни требаат 30 години

Манчестер јунајтед и Ливерпул денеска од 17:30 часот на „Олд Трафорд“ во дерби пресметка од 9. коло во Премиерлигата. Иако станува збор за најголемиот дуел на англискиот фудбал, се освен победа на Ливерпул во овој момент би било прилично изненадување.

Менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер има проблеми околу креирањето на тимот поради повреди на половина тим, додека Ливерпул би можел да биде засилен со враќање на Алисон Бекер, а подготвени треба да бидат и Мо Салаг и Жоел Матип. Ливерпул никогаш во историјата не бил вака нагласен фаворит на „Олд Трафорд“ со што се согласуваат и обложувалниците.

Норвежанецот на клупата на Јунајтед е мета на критики поради очајната форма на тимот. И додека Јирген Клоп со максимална почит зборува за Манчестер јунајтед, Солскјер на прес-конференција го „боцна“ Ливерпул алудирајќи на оние 30 години колку неговите навивачи чекаат шампионска титула во Англија.

„Секако ќе одиме на победа на овој дуел, ниту реми нема да не задоволи. Сигурен сум дека Манчестер јунајтед наскоро ќе се врати на врвот и ќе освои титула. Нас за тоа нема да ни требаат 30 години. Еден добар резултат, една голема победа може да променат многу нешта во тимот. Ние сме Манчестер јунајтед и играме на сите три бода, без разлика дали играме со Ливерпул, Манчестер сити или било кој друг тим“ – вели Солскјер.

Се вчитува...