Солскјер го најде „виновникот“: Играчите треба да се погледнат во огледало

Манчестер Јунајтед минува низ серија на лоши резултати, а позицијата на Норвежанецот Оле Гунар Солскјер е веќе разнишана.

Менаџерот на „црвените ѓаволи“ им порача на своите фудбалери дека треба да се погледнат во огледало и да направат се’ за да си одговорат на прашањето каде погрешиле.

„Нашиот настап не беше доволно добар. Мораме да го разгледаме целокупното однесување на тимот. Не треба да го сфаќаме како знак на будење, бидејќи веќе го имавме. Играчите треба да се погледнат во огледало, бидејќи јас веќе го направив тоа и да одговорат соодветно на она што се случи. Хари Мегваер е важен играч за нас, тој е нашиот капитен. Работеше напорно со физиотерапевтите и немаше лоша реакција, па решив да ризикувам. Некогаш функционира, некогаш не. Откако примивме четири гола, сега ми е јасно дека донесов погрешна одлука“, објасни Солскјер.

Тешката програма за Манчестер Јунајтед продолжува затоа шро ќе биде домаќин на Аталанта, по што ќе му гостува на Ливерпул.

Се вчитува...