Солскјер го подготвува враќањето на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата Кристијано Роналдо има уште две години договор со Јувентус, но поранешниот соиграч и моментално менаџер на тимот Оле Гунар Солскјер не гледа пречки за големото враќање на Португалецот на „Олд Трафорд“.

„Зошто не? Играв со него и премногу добро знам дека тој е најдобар во светот. Секогаш му е отворена вратата во Манчестер Јунајтед. Амбиентот на „Олд Трафорд“ го обликуваше, тука научи како да биде најдобар, затоа природно е да се врати во својот клуб“, изјави Солскјер. 

Кристијано Роналдо помина шест сезони во дресот на „црвените-ѓаволи“, пред во 2009 да премине во Реал Мадрид. За клубот од „Олд Трафорд“ забележа 196 настапи на кои постигна 84 гола, а во 2008 година заедно со Оле Гунар Солскјер се радуваше на трофејот во Лигата на шампионите.

Се вчитува...