Солскјер го посакува Даглас Коста на „Олд Трафорд“

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед е заинтересиран за крилниот играч на Јувентус, Даглас Коста. Тој не е во најтесните планови на новиот тренер Андреа Пирло, но се уште размислува дали да остане во Торино и да се бори за место во тимот или пак да ја промени средината. Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер, би сакал да го има на „Олд Трафорд“ и да ја зголеми конкуренцијата во навалната линија.

Манчестер Јунајтед е подготвен да плати 20 милиони евра за ангажманот на Даглас Коста. Тој минатата сезона се мачеше со повреди, но Солскјер смета дека би бил од голема корист во борбата на неколку фронта. Бразилецот има договор со Јувентус до јуни 2022 година.

Се вчитува...