Солскјер и Саутгејт се раскараа за Гринвуд

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, смета дека Фудбалската асоцијација на Англија направила грешка со повикот и со промовирањето низ медиумите на Мејсон Гривуд уште пред да се случи инцидентот со девојките на Исланд поради кој младиот играч на Јунајтед заедно Фил Фоден беа исфрлени од националниот тим.

„Детето имаше одлична сезона, но очајно му требаше пауза и физичка и ментална. Спротивно, тој беше повикан во репрезентацијата и одеше по пресови. Направивме се за да го заштитиме. Кога ќе се врати на вообичаената рутина ќе биде добро“ – вели Солскјер.

Солскјер открива дека Јунајтед се обидел да спречи Гринвуд воопшто и да биде повикан во репрезентацијата. Повикот беше резултат на неговата одлична сезона на „Олд Трафорд“. Менаџерот на „ѓаволите“ вели дека грешката била направена со тоа што Гринвуд експресно стана медиумска ѕвезда иако како што вели Солскјер клубот се изнамачил да го „заузда“ 18-годишникот.

На ваквите изјави на Солскјер следуваше бесна реакција од ФА на Англија и од селекторот Герет Саутгејт. Асоцијацијата тврд дека имало разговори околу Гринвуд, но дека од клубот немало никакво противење. Манчестер Јунајтед бил информиран и за интервјуата на Гринвуд и за тоа исто така немал забелеѓки.

 

 

Се вчитува...