Оле Гунар Солскјер за клупскиот сајт на Манчестер Јунајтед потврди дека најновата аквизиција на „црвените-ѓаволи“, Одион Игало, наскоро ќе биде во составот. Фудбалерите на Јунајтед во моментов се на мини-подготовки во Шпанија, додека Нигериецот е во Англија. Поради коронавирусот и неговиот престој во Кина, тој не можеше да биде дел со останатиот дел од тимот.
„Тој ќе патува на гостувањето кај Челси. Ќе видиме колку ќе биде подготвен оваа седмица, но мислам дека мојот тим ќе го подготви. Сакам што побрзо да го вметнав во тимот, бидејќи тој очајно сака да игра“, изјави Солскјер.
Јунајтед натпреварот против Челси ќе го одигра в понеделник на „Стемфорд Бриџ“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА