Солскјер им објасни на навивачите зошто Погба не е во почетниот состав против Њукасл

Манчестер јунајтед во моментов го игра својот натпревар од Премиерлигата против Њукасл. „Црвените ѓаволи“ изминатиов викенд доживеаја неочекуван пораз на гости од Ватфорд (2-0) па сигурно сега посакуваат со триумф да го завршат денешниот дуел.

Сепак, Јунајтед е без најсилниот состав поради тоа што Солскјер одлучи повторно на клупата да го остави Пол Погба, кој се опорави од повредата.

Пред почетокот на самиот натпревар Солскјер за англиските медиуми објасни поради што Погба не е во почетниот состав, но откри дека сигурно ќе добие минутажа.

„За Погба се уште е рано да игра од почетокот затоа што само со почна со посериозните тренинзи, и не сакаме се да биде на сила. Тој ќе игра колку што може и полека ќе се враќа во ритам“ – истакна Солскјер.

Се вчитува...