Солскјер има план – Три засилувања за враќање на Јунајтед на победничките патеки

Пред норвешкиот стратег Оле Гунар Солскјер претстои тежок предизвик да го врати Манчестер Јунајтед на старите победнички патеки. Список на засилувања постои, но за тоа да се оствари ќе треба клубот од „Олд Трафорд“ да ја „отвори касата“.

На списокот се наоѓа двоецот од Барселона, Осман Дембеле и Филипе Кутињо кои заедно би требало да чинат околу 250 милиони фунти, но цената значително им падна во псоледните две години, па сега се достапни за вкупно 120 милиони фунти. Овие двајца фудбалери се поврзуваат со клубот, бидејќи Дембеле веќе разговарал со својот добар пријател Ентони Марсијал околу животот во Манчестер. На списокот се наоѓа и напаѓачот на Фиорентина Федерико Киеза на кого цената му се движи околу 50 милиони фунти.

Сепак, доколу се донесат овие тројца фудбалери ќе мора од тимот да се збогуваат со Пол Погба кој не се снајде баш најдобро на „Олд Трафорд“. Се очекува тој да биде продаден за околу 100 милиони фунти кои би требало да се искористат за доведување на овие тројца фудбалери.

Се вчитува...