Солскјер: Изгледа згрешив што почнав со Мегваер

Оле Гунар Солскјер се соочува со огромен притисок по серијата слаби игри на Манчестер Јунајтед, што кулминираше со денешниот пораз од 4-2 на гостувањето против Лестер.

Норвешкиот страте реши да ризикува вклучувајќи го недоволно рехабилитираниот Хари Мегваер, е токму искусниот дефанзивец беше најслаб поединец на теренот, директен виновник за првиот гол на Лестер откако почетнички ја загуби топката пред сопствениот шеснаесетник.

„Јас сум тој што ги носи одлуките за тимот што ќе игра, денеска Мегваер не беше на посакуваното ниво, па изледа дека згрешив што почнавме со него. Примивме четири гола, очигледно е дека имавме проблем со одбраната. Ова е период во кој губиме многу бодови и мораме што поскоро да најдеме излез од кризата“, изјави Солскјер.

Се вчитува...