„БОЦКИ“ ПРЕД ГОЛЕМОТО ДЕРБИ: Солскјер тврди дека Јунајтед е многу поголем клуб од Сити, а Пеп одговара…

Менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер од перспектива на неговиот клуб го најави големото дерби на Манчестер против Сити денеска од 18:30 часот.

Јунајтед веќе неколку сезони во низа не е ниту од далеку блиску до квалитетот на Сити. Но, Солскјер и натаму верува дека Јунајтед, без разлика на се е многу поголем клуб од лутиот ривал.

„Да, верувам дека сме поголем клуб. И не се согласува со Жозе Мурињо дека не можеме да се натпреваруваме со Сити. Што треба да направиме? Да се откажеме? Вистина е дека сме бодовно далеку од нив, но ова е можност да ги предизвикаме и да ја намалиме таа разлика. Па одиме да победиме, иако знаеме дека ќе биде тешко“ – вели Солскјер пред денешната дерби пресметка.

Но, на сето ова веднаш одговори и менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола…

„Слушајте… Навивачите на Јунајтед ќе кажат дека нивниот клуб е најголем, а оние на Сити нивниот. Си ги сакаме своите клубови. Ако ги гледате витрините со трофеи сигурно се подобро. Но, ние сме тим кој во моментов е далеку пред нив, и тоа е факт“ – вели Гвардиола.

„Црвените ѓаволи“ во моментов се 11 бода зад Манчестер сити, а дури 22 бода зад водечкиот Ливерпул.

Се вчитува...