Солскјер: Кавани е подготвен, ќе биде интересно да ги гледаме него и Кристијано

Едисон Кавани поради повреда го пропушти почетокот на сезоната, но рехабилитацијата на Уругваецот е завршена и голгетерот е поготвен за враќање на натпреварите и ќе биде дел од тимот кој ќе истрча на теренот во сабота против Астон Вила.

Неговото место во тимот го превзема Кристијано Роналдо кој по враќањето во дресот на „црвените ѓаволи“ блеска, а сега тренерот Оле Гунар Солскјер најави дека и двата напаѓачи во еден момент ќе заиграат и „рамо до рамо“ во нападот.

„Работеше напорно во претходните денови и е подготвен за враќање. Кавани е голем професионалец, тоа го покажа и претходната сезона и покрај тоа што ни се приклучи покасно. Среќни сме што повторно ќе биде на теренот. Ќе биде интересно да ги видиме заедно со Кристијано на теренот. Верувам дека добро ќе соработуваат. Такви играчи секој сака да има во тимот. Посебно на натпревари кога ривалите не ти дозволуваат многу место за напад“, изјави норвешкиот стратег.

Се вчитува...